Üritus: Десетта трка на 5 км - ЕВРОИНС Лига во трчањe

> >

Üritus: Десетта трка на 5 км - ЕВРОИНС Лига во трчањe

Ова е последна трка за првиот дел од сезоната од ЕВРОИНС Лигата во трчање!

Старт и цел ќе биде на почеток на патеката на кејот на реката Вардар – до скејт паркот.
Ќе се трча по асфалтираната патека до мостот кај Александар Палас и назад (точно 5км.). Може да учествува секој што сака да трча. Трката се организира со цел да се промовира трчањето и здравиот активен начин на живот и да се поттикне себенадминувањето . Пријавување и подигнување на бројчињата e во 8ч.,
а старт е во 8ч. 30мин. Стартнина не се наплаќа и секој учествува на сопствена одговорност. Ве чекаме на трка!Контакт: Кокан Ајановски 078 402 665 ; 070 782 665 email:[email protected]

Категорија: мажи и жени. Апсолутна категорија, заклучно со 45 години и над 45. Поени добиваат првите 20 натпреварувач(к)и. Поените се добиваат на овој начин:
25 22 20 18 16 15 14 13 12 11 10 9 8 7 6 5 4 3 2 1
Трката се одржува 2 пати секој месец. Првиот дел ќе биде од февруари до јуни,а вториот од септември до декември. Се собираат поените од секоја трка,со исклучок на една во прв дел и една од втор дел. Нема негативни поени. Прогласување на победници во прв дел од сезоната, во втор дел од сезоната и вкупни победници.